Според подготвеноста и без ирационални услови што немаат врска со Копенхагенските критериуми, Македонија е рамо до рамо со „фронтранерите“ за членство во Европската унија, оценува претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
„Зборуваме за политика заснована на докази, а не на ирационални услови. Тоа покажува дека не само што сме рамо до рамо со главните претенденти за брзо членство во ЕУ, туку сме и подобри од некои од нив“, изјави таа во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Токму затоа, според шефицата на македонската држава, таа не треба да чека со децении за прием во Унијата, како што погрешно бил сфатен премиерот Христијан Мицкоски, вели таа.
„Морам да напоменам дека кога се цитира изјавата на премиерот, се заборава дека не беше таква што ја повторуваме сите, туку поврзана со ‘доколку’ во односите со Бугарија. Не мислам дека децении треба да чекаме, напротив. Некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста, би било пред очите на јавноста кога јас би била професорка, но како претседателка многу работи заради суштата на дипломатијата, не мора да се случуваат јавно. Тоа не значи дека ги нема. Во политиката може посредно преку изјавите на нашите соседи, а многу читам деновите, од тоа дека сме имале клучно влијание на господинот Вајц, па дека сме ги информирале, дека министерот за надворешни работи чевлите ги изабил одејќи, може да се заклучи дека не мируваме, работиме, но не секогаш тоа се гледа“, рече Силјановска-Давкова.