Македонија

Поевтинуваат бензините, дизелот стигна речиси 100 денари

цената на дизел горивото се доближува до психолошкаа граница

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2026 година.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 денари за литар..

Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 95                             91,00  (денари/литар)

Моторен бензин            ЕУРОСУПЕР БС – 98                             93,00  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       99,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                   46,419 (денари/килограм)

Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

 

Најнови вести од: Македонија

Владата го решава проблемот на превозниците со Шенген-правилата

Вицепремиерот и министер за транспорт рече оти тоа се прави и дека веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.

(Фото): Ноќна дезинсекција на критични точки во Карпош

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Скопје и Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината.

Матичната служба ќе проверува зошто од родителите од Пробиштип било барано да именуваат веќе починато бебе

Управата за водење на матичните книги ќе ја проверува целата постапка во случајот со семејството од Пробиштип, кое било контактирано за определување име на новороденчето, иако бебето починало непосредно по раѓањето.

Клековски: Досега 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Инфективната клиника 21 пациент

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на Жеден, кој се префрла од тетовска на скопска страна!

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста, која попладнево е забележлива во Скопје, е од ветерот, што го носи чадот од пожарот на Китка во општините Студеничани и Зелениково.

To top