Македонија

Полска уапси руски археолог за парички на Александар Македонски по налог на Украина

Ископувал артефакти на Крим кој сега е под контрола на Москва

 

 

 

Властите во Полска притвориле руски археолог кого Украина го обвинува за неовластено ископување и грабеж на историски артефакти во Крим, соопштија полските власти предизвикувајќи негодување од Москва, која побара негово итно ослободување.

Украина, која предходно преместила некои музејски експонати во странство поради нивна безбедност, ја обвинува Русија дека зема скапоцени историски предмети од Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и од други делови на земјата по целосната инвазија на Москва во 2022 година.

 

 

„Украинците имаат сомневања за ова лице во врска со кражба на културно богатство“, изјави полскиот министер за специјални служби, Томаш Сјемонијак, за приватниот радиодифузер TOK FM.

„Судот нареди негово апсење за да може овој случај да се реши мирно“, изјавил Сјемонијак.

Портпаролот на Симонијак, Јацек Добжински, за „Полсат њуз“ изјавил дека Русинот бил приведен во Варшава на 4 декември.

 

Полските обвинители во соопштение испратено по е-пошта изјавиле дека судот се согласил да дозволи човекот, именуван само како Александар Б. поради полските закони за приватност, да биде задржан во притвор 40 дена додека властите чекаат барање за екстрадиција од Украина.

Руското Министерство за надворешни работи го идентификуваше човекот како Александар Бутјагин и рече дека тој бил вработен во Државниот музеј Ермитаж во Санкт Петербург.

Според соопштението Бутјагин бил поканет да одржи серија предавања на тема „Последниот ден на Помпеја“ во Варшава и неколку други европски градови.

Засега нема непосреден коментар од обвинителите во Украина или од украинското Министерство за култура.

Обвинителството на Автономната Република Крим, која сега се наоѓа во украинскиот град Херсон по руското заземање и анектирање на полуостровот од Украина, претходно соопшти дека тимот на Александар Б. извршил неовластени ископувања во античкиот град Мирмекион во областа Керч, предизвикувајќи штета од над 200 милиони гривни (4,73 милиони долари).

 

Украина, исто така, вели дека неговиот тим запленил 30 златни монети, од кои 26 биле гравирани со името на Александар Велики, а четири биле ковани за време на владеењето на неговиот брат Филип III Аридеј.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го осуди дејствието на Полска, членка на НАТО и цврст поддржувач на Украина.

„Ова е апсолутна правна тиранија. Секако, преку дипломатски канали ќе бараме право да ги заштитиме интересите на нашите граѓани“, изјави Песков на дневниот брифинг за медиумите.

„Со оглед на очигледното непријателство кон нашата земја што моментално преовладува во Варшава, тоа сигурно не е најсоодветното место за нашите граѓани да патуваат и да ја посетуваат, со оглед на целосното беззаконие што владее таму“, додаде тој.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека притворањето е политички мотивирано.

„Се надеваме дека Полска ја разбира апсурдноста на обвинувањето на почитуван руски археолог за „уништување на културното наследство“ на руска територија и признава дека ваквите политизирани дејствија не можат да успеат и нема да останат неказнети“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Најнови вести

To top