Македонија

Поранешни функционери на ФФМ заработија кривични пријави

Управниот одбор на ФФМ, по темелна постапка и сознанија од Одделот за интегритет, едногласно донесе одлука за суспензија на ОФС Охрид поради грубо кршење на Статутот и актите на Федерацијата.

СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Цане Милошески (претседател на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид – ОФС Охрид) и Никола Цветкоски (секретар на ОФС Охрид) за сторени две кривични дела: фалсификување исправа (член 378 од Кривичниот законик) и друго кривично дело по член 247 од КЗ.

Според пријавата, во текот на 2024 година двајцата во повеќе наврати внесувале неточни и нецелосни податоци во КОМЕТ-системот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпревари кои воопшто не се одиграни, како и за лица кои наводно учествувале на тие натпревари, а не биле регистрирани како играчи или судии. Целта била ОФС Охрид да обезбеди свои претставници во органите на ФФМ.

Уште во мај 2025 година, Управниот одбор на ФФМ, по темелна постапка и сознанија од Одделот за интегритет, едногласно донесе одлука за суспензија на ОФС Охрид поради грубо кршење на Статутот и актите на Федерацијата.

Главните причини за суспензијата беа:

Изготвување и употреба на фиктивни записници од натпревари кои никогаш не се одиграни, а се заведени со конкретни резултати;
Во КОМЕТ-системот е заведено дури и лице починато пред повеќе години како учесник на тие натпревари;
Судии дале писмени изјави дека биле внесувани во записници без нивно знаење и согласност, односно воопшто не суделе, а некои од нив дури не се ниту судии;
Целосната „Б“ општинска лига во рамките на ОФС Охрид е измислена и не постои.

Со овие дејствија е нарушен интегритетот на натпреварувањето и довербата во работењето на сојузот.

ФФМ најави дека ќе поднесе дисциплинска пријава против Милошески и Цветкоски до соодветната дисциплинска комисија, со предлог за дополнителни мерки согласно Дисциплинскиот правилник и Статутот.

Цане Милошески и Никола Цветкоски се исклучени од фудбалската организација и им е забрането вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top