Македонија

Портали лажеле дека Сиљановска Давкова објавила фотографија со ,,восочен” Доналд Трамп

Наведените портали практично ја обвинија и Белата Куќа дека споделува фотографии на ,,восочен” Трамп

Македонски медиуми попладнево лажеле дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова објавила фотографија на која таа според објавените лаги била со ,,восочни” фигури на Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.

По објавените лаги на порталите 24info.mk, Infomax.mk, 4News и други претседателката реагира со барање медиумите да бидат професионални и да не шират лажни информации.

,,Почитувани, Ве информирам дека фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп.

Написите на одредени медиуми дека станува збор за фотографија со восочна фигура се целосно неточни, злонамерни и со јасна тенденција за дискредитација.

Упатувам апел до медиумите за професионално, одговорно и чесно информирање на јавноста, со почитување на вистината како највисок демократски принцип”, стои во објавата на претседателката на Фејсбук.

Фотографијата која што е објавена од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е преходно објавена од Белата Куќа што значи дека според горе наведените портали Белата Куќа споделува фотографии на ,,восочен” Трамп.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top