Македонија

Потпретседателка на СДСМ: Среќни сме со изборните резултати

Историски најниска поддршка на Бихаќка но во партијата се среќни

Иако СДСМ на вчерашните локални избори освои рекордни низок број на гласови највисоките функционери на партијата се среќни со резултатите од изборното соочување.

Потпретседателката на партијата Ана Чупеска во Подкаст на Прва ТВ вели дека партијата е среќна со резулатите од изборите затоа што во моментот кога ја дава изјавата партијата води во неколку општини.

На листите на советници СДСМ вчера освои околу 125 илјади гласови што е историски најниска поддршка на партијата.

Партијата по првиот круг освои само тројца градоначалници.

Видеото со овој дел од изјавата за среќата во СДСМ го објавува Богдан Илиевски на овој ЛИНК

Целото видео

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top