Македонија

Повеќе сценарија за пласман на Македонија на светското фудбалско првенство

Еден бод против Велс ќе значи богатсво

Постојат повеќе сценарија за Македонија да се најде на светското фудбалско првенство кое се одржува идната година во САД, Мексико и Канада.

Македонија во моментот води на табелата од групата Ј во квалификациите со 12 бода од 6 средби.

До крајот на квалификациите Македонија има уште два меча, против Казахстан дома и против Велс на гости.

Најдоброто сценарио за Македонија е на следниот меч меѓу Велс и Белгија е да победат островјаните а Македонија потоа да го победи Велс со што ќе има 18 бода.

На тој начин Белгија со две други победи против Казахстан и Лихтенштајн нема да може да не стигне до крајот затоа што ќе има еден бод помалку.

Слично е и со Велс кој со двете други победи ќе дојде до максимум 16 бода.

Друго сценарио е Велс и Белгија да одиграат нерешено.

Во тој случај доколку ние го победиме Велс а Белгија победи на другите два меча за првото место ќе одлучува гол разликата во која сега Белгија е подобра од Македонија.

Трето сценарио е Велс да загуби од Белгија а ние да одиграме нерешено или да победиме со Велс.

На тој начин Белгија ќе се пласира директно на СП а нам ќе ни биде потребно победа против Казахстан за бараж мечеви за пласман на СП.

Македонија ќе може да се пласира во бараж мечевите и само со една победа до крајот против Казахстан но за тоа Велс треба да загуби од Белгија убедливо и да направи кикс против Казахстан или Лихтенштајн што според досегашните резултати е малку веројатно.

Најнови вести од: Македонија

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Медиумите одговараат пред публиката, а не пред партиите – остро реагира ЗНМ по соопштението на СДСМ

Опозициската СДСМ преку соопштение со наслов „Зар и ти сине Мечка?“ остро реагираше на, како што велат, „пресвртот“ во уредувачката политика на порталот Инфомакс и „Мечка“. Од партијата упатија критики и кон новинарот Александар Митовски, обвинувајќи дека медиумот започнал со напади кон нив и кон претседателот Венко Филипче.

To top