Македонија

Повик ЈО да постапи по обвинувањата на Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и потврди скандал каде што има основен сомнеж за криминал. Тој изјави, цитирам: „Славјанка Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“, рече денеска во изјава за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

-Пратеникот и лидер на СДС, Венко Филипче, јавно излезе со обвинување против пратеничката од редовите на СДС и екс-министерка Славјанка Петровска.

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра.

Го поддржуваме и поттикнуваме Венко Филипче да не молчи и да каже сè што има за Славјанка Петровска. Очекуваме итно и неодложно Јавното обвинителство да отвори предмет и да реагира.

Почитувани,

Правда мора да има и добро е што Венко Филипче почна да зборува. Веруваме дека има уште многу повеќе да соопшти за криминалот во таборот на СДС, истакна Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top