Македонија

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот – МОН со обемни планови за 2026 година

Повисоки плати, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства, „ѕид на срамот“. Министерката за образование и наука на брифинг со новинарите за плановите во 2026. Јануари ќе стартува со потпишување на Националната стратегија за образование (2026-2032), која ќе биде патоказот по кој МОН ќе треба да ги крои политиките во следните шест години. Меѓу приоритетите во стратегијата е и едносменската настава. Досега е имплементирана во двесте училишта.

школо

Министерката за образование и наука на новогодишен брифинг со новинарите ги претстави клучните планови и реформи што Министерството за образование и наука ги подготвува за 2026 година, најавувајќи повисоки плати за наставниците, нов концепт на државната матура, електронски свидетелства и засилена борба против плагијатизмот. Јануари ќе започне со потпишување на Националната стратегија за образование 2026-2032, која ќе биде основа за креирање на образовните политики во следните шест години. Како еден од приоритетите е наведена едносменската настава, која досега е воведена во околу 200 училишта.

Од јуни 2026 година, за првпат ќе се воведат електронски свидетелства за учениците од прво, второ и трето одделение. Министерката Јаневска најави дека до крајот на 2027 година е-свидетелства ќе добијат и учениците од четврто до шесто одделение, а до крајот на нејзиниот мандат во 2028 година и учениците од седмо до деветто одделение. За мотивирање на вработените во воспитно-образовниот процес, од март се најавува зголемување на платите меѓу 7,5 и 10 проценти за наставниците во основното и средното образование.

Промени се најавени и за матурантите. Од 2026 година ќе се воведе нов концепт на државната матура со два типа – гимназиска и стручна. Паралелно ќе продолжат реформите во средното стручно образование, со фокус на создавање кадар согласно потребите на пазарот на трудот.

Јаневска најави и подобрувања во делот на учебниците, кои и годинава беа еден од најгорливите проблеми во образованието, истакнувајќи дека се работи на законски решенија и системски промени за надминување на слабостите.

Во делот на науката, министерката посочи дека конечно се зголемени инвестициите, напредок кој е нотирани и во годинешниот Извештај на Европската комисија. Сепак, ниту еден македонски универзитет сè уште не е близу до Шангајската листа, за што, како што рече, се потребни повеќе инвестиции, научни трудови и промени во универзитетските програми.

Во финална фаза се и нацрт-законите за високото образование и за обезбедување на квалитетот, кои по добивање зелено светло од стручната јавност ќе бидат објавени на ЕНЕР. Со новиот Закон за високо образование се предвидуваат построги правила за професорите, кои ќе имаат обврска за континуирано објавување научни трудови, а во спротивно на секои пет години повторно ќе полагаат за лиценца.

Министерката најави и формирање на т.н. „ѕид на срамот“, каде ќе се објавуваат магистерски и докторски трудови за кои ќе се утврди дека се плагијати или купени, како дел од засилената борба против академската нечесност. Како дел од инфраструктурните проекти, при крај е и решението за довршување на објектите за ФИНКИ и ФФК, а веќе следната недела се очекува објава на тендер за нивно репроектирање, по што ќе следи избор на изведувач за градежните работи.

Најнови вести од: Македонија

Се бара итна ревизија на системот за влез и излез „EES“ – забележан еден куп пропусти

Во текот на шестмесечната фаза на имплементација, државјаните на трети земји сè уште ќе имаат пасоши кои се проверуваат и печатат. Сепак, покрај тоа, Системот за електронска безбедност бара да се земат отпечатоци од прсти и биометриска фотографија на лицето. Многу аеродроми имаат инсталирано специјални машини за оваа намена со цел да се забрза регистрацијата.

Новите згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се поврзат со мост, се распишува тендер за репроектирање

Во напредна фаза е решението за довршување на зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, информираше на брифинг со новинарите министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Вреди до Ветвендосје и Курти: На изборите на Косово постигнавте победа на вредностите, што нѐ обединуваат како Албанци каде и да сме

Коалицијата Вреди им упати честитка на партијата Ветвендосје (Самоопределување) и на неговиот лидер и премиер на Косово Албин Курти за „плебисцитната победа на изборите во Косово“, која, како што се наведува, „не е само во обични бројки, туку е и морална, историска и национална победа.“

Бејта: Тендер за бекатон плочки – 10 пати повисока цена од реалната

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата ВРЕДИ, Невзат Бејта, на прес-конференција одржана денеска го обвини претходното општинско раководство за злоупотреба на 450 илјади евра во јавни набавки.

To top