Македонија

Пожар „пеплоса“ три возила во Битола

Ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола. Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил. Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски. Од полицијата […]

Ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола.

Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил.

Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени возилата, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Немало повредени лица.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми, битолска, скопска и тетовска фирма.

„Пожарот избувнал на паркинг на улица Леринска каде од страна на непознат сторител била фрлена запаллива течност при што опожарени биле три возила ‘тојота рав’ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К.

Другото опожарено возило е ‘пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма.

Третето зафатено со оган возило е ‘дачија’ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма.

Извршен е увид на местото на настанот се преземаат мерки да се расчисти случајот“, изјави Стаматова.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top