Македонија

Пожар во Старата Скопска чаршија: пламенот ги зафаќа старите објекти кај Безистенот(ВИДЕО)

Вечерва околу 20:45 часот избувна пожар во еден од старите објекти во Скопската стара чаршија, во непосредна близина до Безистенот и Чифте-амам.

Вечерва околу 20:45 часот избувна пожар во еден од старите објекти во Скопската стара чаршија, во непосредна близина до Безистенот и Чифте-амам. Пламенот брзо се проширил низ дотраениот дрвен покрив и постои реална опасност да ги зафати соседните објекти, кои некогаш служеле како магацини или живеалишта.

На терен веднаш излегле повеќе противпожарни екипи на Главната противпожарна бригада Скопје, кои со неколку возила и десетици пожарникари се борат да го локализираат и стават под контрола огнот. Граѓани и медиуми објавуваат фотографии и видеа од густ чад и високи пламени јазици над чаршијата.

Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту за евентуално повредени лица. Пожарникарите апелираат граѓаните да не се приближуваат до местото на настанот поради опасност од ширење на пламенот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top