Македонија

Пожар во Волково голтна куќа, еден пожарникар со изгореници

Пожарот избил во мал канал и брзо ја зафатил околната сува вегетација и ливада, а покрај жителите го гасеа четири ПП-возила

Голем пожар избувна во скопската населба Волково денеска околу пладне, во кој пламените јазици зафатија и целосно изгореа една куќа, а при гаснењето еден пожарникар доби изгореници на раката.

Пожарот избувнал во мал канал, од кадешто поради силниот ветер брзо ја зафатил сувата вегетација и дрвјата во околината, се проширил преку ливада со сува трева и стигнал до куќата што изгоре.

Неа прво се обиделе да ја спасат жителите додека дошла противпожарна единица со четири возила, заедно со полиција и со брза помош, која му ја санирала повредата на пожарникарот.

Екипи на ЕВН го прекинаа снабдувањето со струја, а екипите на терен се бореа со огнот неколку часа по избувнувањето.

Пожар изби и над селото Чифлик во општината Сопиште, и тоа во близина на куќите.

 

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top