Македонија

„ПР-потег“: Организаторка на концерт на Цеца во Софија за скандалот со бугарското знаме во Велес

Според некогашната Мис на Бугарија, српската турбофолкерка совршено добро знае за деликатните македонско-бугарски односи

По скандалот со српската турбофолкерка Светлана Ражнатовиќ-Цеца, која се појави на концерт во Велес завиткана во бугарското знаме, поранешната Мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, излезе со изненадувачко откритие во емисијата „Претпладне“ на Бугарската телевизија (БТВ).

„Јас сум личноста што го организира нејзиниот концерт на стадионот ‘Васил Левски’ во 2007 година. Таа беше тука пет дена со своите деца – ја познавам лично и е прекрасна“, рече Бакалова, пред да поентира: „Нема шанси Цеца да не знаела дека го држи бугарското знаме! Таа совршено добро знае колку е деликатна темата за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според мене, ова беше изнуден ПР-потег. Таа постојано се обидува да биде во центарот на вниманието и да направи реклама зад своето име“.

Бакалова откри и дека на концертот имало доста Бугари, што дополнително ги поттикна интересот и тензијата од театралниот момент.

„Музиката треба да обединува, а не да разделува. Живееме во 21. век – не е вообичаено ваквите спорови да дојдат до ова. Луѓето треба да ја почитуваат историјата и да престанат со омраза“, додаде таа.

 

Најнови вести од: Македонија

Времето се менува, студот доаѓа и во Македонија

Според најновите податоци од УХМР, Македонија оваа недела ќе влезе под влијание на циклонска активност која носи значително променливо и нестабилно време. Во следните денови ќе доминира облачност со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во среда и четврток.

Лидерот на демократите Бериша повика на „уривање на Рама и наркодиктатурата“ и за „спас на Албанија од катастрофата“!

Лидерот на опозициската Демократска партија и премиер на Албанија од 2005 до 2013 година Сали Бериша на вечерашниот митинг во Тирана обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската, што е срам за секој Албанец“. „Ние сме единствената земја во светот, што во период од седум години потроши 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан, но денес нема ниту еден од нив.“ – посочи Сали Бериша, објави албанската новинска агенција АТА.

Адолф Хитлер во нов „поход“ – на изборите во Намибија?!

„Животниот пат на локалниот политичар од африканската држава Намибија со името Адолф Хитлер Унона е во целосна спротивност со животниот пат на неговиот историски истоименик од Германија. Хитлер Унона влегол влегол во политиката приклучувајќи се кон борците против апартхејдот. „Имањето на ова име не значи дека сега сакам да го потчинам Ошана.“ – рекол тој, осврнувајќи се на регионот што го претставува.

Еден од најистакнатите бугари во земјава нападнат во центарот на Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој денеска во центарот на Скопје беше претепан од непознат маж.

To top