Македонија

Предупредување од УХМР: Реките во Македонија драстично се полнат поради дождот

Обилните дождови во текот на изминатиот период предизвикаа нагло покачување на водостоите на речиси сите поголеми реки низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Обилните дождови во текот на изминатиот период предизвикаа нагло покачување на водостоите на речиси сите поголеми реки низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Најсилен пораст е забележан на горниот тек на Вардар, на Пчиња, Лепенец, Пена, Радика, Треска, Црна и Сатеска, а водостојот продолжува да расте и во Скопје.

Стручните служби предупредуваат дека трендот на пораст најверојатно ќе продолжи во текот на денот, особено во западниот дел на земјата и во сливот на Пчиња, каде што се очекуваат исклучително високи нивоа. Поради тоа, се издава апел до населението да биде крајно внимателно при движење покрај речните корита и површинските води, пред сè во зоната на горниот тек на Вардар со неговите притоки, Лепенец, Радика и Пчиња.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top