Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски со писмо до секој граѓанин

Отворено писмо од премиерот Христијан Мицкоски до сите граѓани

Излезете на овие избори со надеж, оптимизам и со непоколеблива волја, повика денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во писмо до граѓаните:

Писмо за тебе и за нашиот заеднички избор!
Драги мои,
Секој од нас има своја приказна.
Твојата почнува таму каде што чекориш секој ден – по твојата улица, низ твоето маало, во твојот град.
Таму беа првите радости и првите таги. Првите победи и првите порази.
Таму ги живееше првите подвизи и првите разочарувања.
Таму се твоите соништа, твоето семејство, твоите надежи. Твоите најважни мигови.
Секој од нас во срцето носи една тивка мапа – од улици, агли и дворови што нè изградија и ни дадоа сила.
Места каде што првпат паднавме и повторно се исправивме.
Каде што ја сретнавме првата љубов.
Каде што ја научивме најважната лекција – дека животот е борба, но и надеж.
Тоа маало, тој град, таа земја – тоа сме сите ние заедно.
Нашата историја. Нашата болка. Нашите соништа.
Знам дека понекогаш изгледа тешко.
Знам дека си се прашал – „Дали вреди?“
Но верувај – вреди. Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно.
Денес ти пишувам тебе со благодарност.
Благодарност што и кога беше најтешко, ти не ја изгуби надежта.
Благодарност што веруваш дека Македонија може повеќе.
Што веруваш дека твоето место заслужува подобро.
Што веруваш дека твоето семејство има право на сигурна иднина.
Јас сум свесен за тежината на очекувањата.
Свесен за наследените проблеми и разочарувања.
Но верувам дека вистинските промени не доаѓаат како молња, туку како изгрејсонце – тивко, но неизбежно.
Прво зрак, потоа светлина, па ден. И тој ден ќе биде наш.
Твојот глас е повеќе од политика.
Овој избор не е партиски – тој е човечки.
Тој е за твоето маало, за твоето семејство, за твојата иднина.
Тој е избор за твојата улица, твојата градинка, твоето училиште, твојот парк.
Тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред, или ќе дозволиме да нè вратат назад – таму каде што се губеше надежта, а се рушеше довербата.
Знам што значи да имаш свој човек.
Тоа е оној што не те остава сам.
Човек на кого можеш да се потпреш.
Човек што знае дека да бидеш човек значи да бидеш од корист за другите.
Тоа е твојот човек.
Драги мои,
Ова не е само политичка промена. Ова е промена на животите, на надежта, на нашата заедничка иднина.
И кога ќе се прашаш – „Дали имам свој човек?“, сакам да знаеш: Имаш.
И кога ќе се прашаш – „Дали моето место има иднина?“, сакам да знаеш: Има.
И кога ќе се прашаш – „Дали оваа земја има време?“, сакам да знаеш: Времето на Македонија допрва доаѓа.
Тоа е времето кога секој од нас ќе каже: „Да, вредеше.“
Вредеше затоа што имав свој човек.
Вредеше затоа што моето место продолжи да расте.
Вредеше затоа што имам иднина – тука, во мојата земја.
Ве повикувам, како ваш сосед, пријател и сограѓанин:
излезете на овие избори со надеж, оптимизам и со непоколеблива волја.
Бидете силата на промените и иднината.
Направете го вистинскиот избор.
Со твојот човек. За твоето место. За твојата иднина.
Со верба, љубов и надеж,
Христијан Мицкоски

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1412148080267114

Најнови вести од: Македонија

Шаќири: Ќе дејствувам под чадорот на ДУИ и Ахмети и гарантирам дека Албанците ќе го добијат својот удел во Чашка, кој им припаѓа!

„Благодарен сум им на сите граѓани, со посебна нагласка на Албанците и на дел од турскиот етникум, кои се обединија околу целта, околу она, што го предложив општината да ни припадне нам.“ – изјави во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења Суат Шаќири од ДУИ, новоизбраниот претседател на општина Чашка, во велешкиот крај.

ЕУ заинтересирана за Охридското езеро – додека Албанија истражува можност за рудници, Македонија во застој

Анализа на ЕУ покажува дека наоѓалишта на кобалт, кој е од особено значење за литиумските батерии, има во рударските области на Поградец, а резерви на бакар има во областите Лежа и Кукс. Од стратешките минерални суровини Албанија изобилува и со никел во Кукс, Девол како и во селото Червеник крај Охридското Езеро.

To top