Македонија

Премиерот Мицкоски за проблемот на превозниците: Имавме дипломатска офанзива, постојат неколку можни решенија

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ. – Овој проблеми […]

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ.

– Овој проблеми со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Важно е дека имавме дипломатска офанзива, здружена со земјите од регионот. Важно е дека е препознаен проблемот. Важно е дека има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со кое ќе се надмине овој проблем, но тука не застануваат проблемите, следно е квотите за челикот. Така да проблеми има континуирано, проблемите се тука и ќе се решаваат, рече Мицкоски во изјава за медиуми по промоцијата на програмските приоритети на програмата „Еразмус+“ за 2026, на Економскиот факултет при УКИМ. Тој повтори дека мора да се надмине проблемот со транспортерите и уверен е дека решението се надзира и очекува следниот месец да биде завршена работата.

Во однос на изјавата на вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски дека ако не се реши проблемот со транспортерите ќе има колапс на економијата, Мицкоски рече дека неговата изјава била повеќе во насока дека поради блокада на граничните премини ќе нема трговска размена меѓу земјите.
-Тоа повеќе ќе имплицираше и кон нашиот јужен сосед. Вие знаете и во Хрватска Владата реагираше и министерството таму реагираше. Во таа насока повеќе беше кажано тоа, по што тоа беше пречекано од страна опозицијата на нож, веднаш беше спинувано. Инаку граѓаните и бизнисот да не се грижат, успеавме да обезбедиме на меѓународниот пазар доволно средства да ги вратиме долговите на претходната влада, и со остатокот да имаме доволно средства за развој, и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа. Така што, економијата продолжува да расте и јас очекувам, покрај рекордите што ги имавме во втората половина на 2024 или 2025 година, тој тренд да продлжи и во 2026 година, рече Мицкоски.


Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во шенген-зоната. Новата визна стратегија на ЕУ, што ја презентира ЕК, како што беше најавено, ќе им помогне на превозниците од Западен Балкан бидејќи „ЕУ сака да овозможи пофлексибилни правила за прекуграничните работници“.
Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина почнаа да ги блокираат граничните премини во понеделникот, 26 јануари, сметајќи дека новиот систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) во шенген-зоната дискриминира превозници од ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Муцунски: Заштита на македонските национални интереси и на Македонците и другите граѓани вон границите, но и економската дипломатија – наши стратегиски приоритети

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа средба со премиерот е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување во врска со нашите клучни стратегиски национални интереси.

За пет месеци од патарина инкасирани над 31 милион евра

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија

Мицкоски: Треба неколку пати да се размисли пред да се направи каков било чекор во врска со евроинтеграциите

Се сеќавам на таа 2018 година кога насила се туркаше промената на уставното име и многумина од европските дипломати нè убедуваа дека прозорецот е отворен, дека сега е моментот – а сега сме на истото место каде што бевме пред 2021 година, вели премиерот

To top