Македонија

Премиерот на отворање на нова фабрика во индустриската зона „Жабени“

Ова е втор  производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд Производство“ ДОО Битола, во „Жабени“ на брендот за развој на иновативни и одржливи производи за спортови на ветер и вода

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свечено отворање на фабриката „Брејнчајлд“ во индустриска зона Жабени, Општина Битола.

Имено, ќе биде отворен производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд Производство“ ДОО Битола, втор на овој бренд за развој на иновативни и одржливи производи за спортови на ветер и вода.

Свеченото отворање е закажано за 11:00 часот, а како што информираат од владиниот Сектор за односи со јавноста, во 12:15 часот е предвидено изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Ова е втор  производен капацитет на компанијата „Брејнчајлд Производство“ ДОО Битола, во „Жабени“ на брендот за развој на иновативни и одржливи производи за спортови на ветер и вода.

Од компанијата најавуваат присуство на премиерот Мицкоски, министри во Владата, сопственикот на „Брејнчајлд“ Ралф Гросел,  градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,….

Главна активност на новата компанија ќе биде сериско производство на продуктите на брендот Брејнчајлд, за што веќе е изградена хала од 3.500 метри квадратни.

Најнови вести од: Македонија

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

To top