Македонија

Пренџов бара итна седница на комисијата за надзор над АНБ

Пренџов посочува дека граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите

Пратеникот Љупчо Пренџов денеска истакна како членови на комисијата за надзор над АНБ и АР, јавно упатуваат повик до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, Скендер Реџепи од европскиот фронт ДУИ, да закаже итна седница на комисијата.

-Целта е, на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани. Овие случувања веќе предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност. Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, вели пратеникот.

Пренџов посочува дека граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите и какви мерки ќе се преземат за тоа никогаш да не се повтори.

-Остануваме доследни во посветеноста кон вистината, владеењето на правото и заштитата на интересите на сите граѓани, нагласува Пренџов.

Најнови вести од: Македонија

Љутков до Синдикатот на културните работници: Избравте судир и создавање на криза

Евентуално поништување на Колективниот договор, ќе биде неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ, смета министерот

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

To top