Македонија

Претедателот на Словачка Петер Пелегрини денес доаѓа во Македонија, средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Предвиден е пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет и ќе уследи потоа лице-в-лице средба. По ова ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак ќе потпишат меморандум за соработка во областа на економијата. Потоа е предвидена заедничка прес – конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини.

Словачкиот претседател потоа ќе го посети и Собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Во рамки на официјалната посета Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top