Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова со Макрон , Стармер и Жељасков во Копенхаген

Интензивна дипломатска активност на Сиљановска Давкова која по Њујорк и Детроит отпатува за Копенхаген

Во пресрет на утрешниот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска се сретнала и разговарала со францускиот претседател Макрон , со британскиот премиер со премиерот на Бугарија и повеќе други европски лидери.

Сиљановска Давкова по средбите што ги имаше на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк и по средбите што ги имаше со македонската дијаспора во Детроит вчера се вратила во Скопје а денеска отпатувала за Копенхаген каде утре ќе ги презентира македонските позиции на состанокот на ЕПЗ.

,,🇲🇰 🇩🇰 Прием организиран од кралот на Данска, Фредерик Х и кралицата Мери Елизабет во Amalienborg Palace, во пресрет на седмиот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Задоволство беше да бидам во друштво и да поразговарам со францускиот претседател Емануел Макрон, кралицата Мери Елизабет, бугарскиот премиер Росен Жељасков, британскиот премиер Кир Стармер, со претседателот на Литванија и со премиерите на Финска и на Малта.

Ветувачки почеток во пријателска атмосфера и плоден разговор пред утрешните дискусии на коишто ќе ги претставам македонските позиции, согласно со нашите национални интереси”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top