Македонија

Претседателот на огранокот на СДСМ во Битола си даде оставка

За жал, во текот на изминатиот период сѐ поизразени станаа практики кои не се во согласност со моите лични принципи, како и со вредностите на социјалдемократијата

Методија Куновски поднесе оставка од претседател на ОО на СДСМ Битола, еден ден по изборот на Драган Крајовски во Извршниот одбор како дел од новиот тим на лидерот Венко Филипче.

Куновски, кој дојде на чело на ОО на СДСМ Битола во ноември лани, попладнево на Фејсбук објави дека оставката ја доставил лично до претседателот Венко Филипче.

„Одлуката ја донесов по темелна и одговорна лична и политичка проценка. Таа е резултат на подолг процес во кој, како претседател, се соочував со сериозна дилема помеѓу чувството на обврска и одговорност кон организацијата и впечатокот дека принципите што јавно ги застапуваме, во пракса сѐ потешко се остваруваат. Социјалдемократијата во која верувам, не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност“, напиша Куновски, инаку поранешен новинар а сега вработен во прес службата на РЕК „Битола“, позиција која ја доби со доаѓањето на СДСМ на власт во 2017 година.

Куновски образложува дека функцијата претседател на ОО на СДСМ Битола ја прифатил со искрена и чесна намера да придонесе во јакнењето на организацијата, нејзино отворање кон членството и враќање на довербата кај граѓаните, но вели:

„За жал, во текот на изминатиот период сѐ поизразени станаа практики кои не се во согласност со моите лични принципи, како и со вредностите на социјалдемократијата“.

Без да ги конкретизира проблемите во партијата Куновски наведува:

„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор, особено кон членството и кон граѓ

Најнови вести од: Македонија

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Најнови вести

To top