Македонија

Приказна за Македонци кои одбиле да се изјаснат за Бугари по што се вратиле во Македонија пред уриетот

Македонците кои одбиле да се изјаснат за Бугари морале да се вратат во Македонија

Извесен Кирил Тодоровски во коментар на текст на expres.mk за Македонците во Егејска Македонија раскажува за премрежињата низ кои минале неговиот баба и дедо во времето на Илинденското востание.

Тодоровски во спомен на Аспасија Кромидаровска и Димитар Кромидаровски открива дека неговото семејство има во посед оригинална и досега необјавена фотографија од Македонци од Македонија сликани во Софија во време на уриетот како што е позната Младотурската револуција.

Приказна за брачниот пар  Аспасија Кромидаровска и Димитар Кромидаровски открива дека сите македонски бегалци кои по Илинденското востание избегале во Бугарија и одбиле да се изјаснат за Бугари морале да се вратат во Македонија по уриетот.

 

Сведоштвото на Кирил Тодоровски во продолжение:

,,Аспасија завршува лицеј во Солун. Со воз доаѓа во Битола од каде, по директива и на коњ, е испратена за учителка во с. Смилево.

Брачната двојка Аспасија Кромидаровска и Димитар Кромидаровски (значи и двајцата) биле учители во училиштето во с.Смилево, непосредно пред Илинденското востание.

Од нивните седум деца останала жива само мојата родена мајка Малина.

Имено, јас, по мајчина линија, сум внук на Аспасија Кромидаровска и Димитар Кромидаровски, војвода на смилевска чета во Илинденското востание.

Додека траел колежот врз неборечкото население, смилевските чети на војводите Дамјан Наумов, Димитар Кромидаровски, Петре Жебчев и Глигор Попов, под команда на Дамјан Груев се бореле непосредно пред Смилево.

 

Налетот на Османлиите бил жесток и востаниците биле принудени да се повлечат во селото. Веднаш по нив аскерот навлегол во Долно Маало. Во оваа ситуација, Даме Груев предложил да се утврдат сред село во училиштето и од таму да ја продолжат борбата. Долниот дел од селото веќе било во пламен, а до пладне загинале околу 30 востаници.

По пропаста на Илинденското востание, Димитар Кромидаровски и Аспасија Кромидаровска, на коњи, по скриени патишта, пребегнале во Софија, каде останале до Уриетот.

Моето семејство, поточно јас, како и моите браќа и сестри, поседуваме, од нас досега необјавена фотографија (види го мојот профил) на Димитар Кромидаровски, Аспасија Кромидаровска (на фотографијата десно од сопругот, жената во бело, со вкрстени раце), на еден од нашите вујковци (дете на фотографијата), како и на повеќе Македонци (веројатно од битолскиот крај) фотографирани во Софија, пред Уриетот.

Бидејќи, после Уриетот – Бугарија, од сите пребегани Македонци во Бугарија, барала да се изјаснат како Бугари, моите дедо, баба и вујко биле принудени да се вратат во с. Смилево”.

Тодоровски открива дека тој пред неколку години контактирал со Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија Битола, преку извесна Јасмина  од Музејот Битола, се јавувал и барал да стапи во контакт со Мери Стојанова, тогашен директор на Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија Битола.

Тодоровски се понудил бесплатно, во согласност со моите браќа и сестри, во чест на „120 години Илинденско востание – документи и фотографии“, на Музејот во Битола, да му ја отстапи семејната фотографија.

Тогашната директорка Мери Стојанова не му се јавила, што говори дека не била заинтересирана за фотографијата, вели Тодоровски.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top