Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

На отворањето на конференцијата „Европски дијалози, европско наследство и иднина“ во Скопје, министерот за надворешни работи порача дека европската перспектива на регионот е од стратешко значење и за самата Европска Унија. Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој ова го истакна на отворањето на конференцијата „Европски дијалози, европско наследство и иднина“, која од вечерва до 2 октомври се одржува во Скопје. Според него, членството во ЕУ останува стратешка определба на Македонија, но пристапниот процес треба пред сè да придонесе за подобрување на институциите и создавање нови можности за граѓаните.

  • Пристапниот процес треба да го трансформира нашето општество, да ги зајакне нашите институции и да создаде повеќе можности за нашите граѓани. Тој не треба да го трансформира нашиот национален идентитет – порача Муцунски.

Тој нагласи дека европската перспектива треба да остане кредибилна, предвидлива и заснована на заслуги, при што напредокот на земјите кандидати треба да зависи од спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми.

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер, посочи дека „Европските дијалози“ се организираат од 2023 година во различни европски градови со цел да се поттикне дебата за иднината на Европа и европскиот проект.

Говорејќи за темата на годинашното издание – „Наследство и европска иднина“ – Ле Риголер истакна дека историјата и иднината се неразделно поврзани. Тој посочи дека конференцијата во Скопје е завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, иницирана од Франција во 2024 година со цел поттикнување дијалог за историските сеќавања и создавање заеднички европски перспективи на Западен Балкан. Според францускиот амбасадор, Европа не се гради само преку институции и политики, туку и преку споделени искуства, идеи и солидарност. Тој нагласи дека различните историски наративи треба да бидат основа за дијалог, а не за поделби.

  • Европа не почива на бришењето на различностите, туку на капацитетот да живееме заедно и да градиме заедничка рамка во која различноста ќе може да го даде својот целосен придонес – истакна Ле Риголер.

На конференцијата учествуваат повеќе од 70 млади истражувачи, активисти и студенти од Европа и Западен Балкан. Во наредните денови тие ќе разговараат за заедничкото европско наследство, граѓанските движења и визиите за иднината на Европската Унија. Конференцијата беше отворена во Музејот на современата уметност во Скопје со изложбата „Солидарноста како иднина“, која дополнително го стави во фокус прашањето за солидарноста, заедништвото и европската иднина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top