Регион

Борисов прашува што ќе даде за возврат Бугарија за моштите на Цар Самоил

Токму тоа би можело да биде неповолно за Софија, смета експремиерот, кој од тие причини не го прифатил понуденото од Грција

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека е среќен што Бугарија в сабота ќе ги добие од Грција наводните останки на Цар Самоил, но истовремено е и загрижен што ли ќе треба да даде Бугарија за возврат.

„Им честитам што можат да ги донесат моштите, но сакам да знам што ќе дадеме. А токму тоа, никој не знае, би можело да не е поволно за Бугарија. Тогаш кога јас се занимавав со ова прашање, мнозинството професори сметаа дека не е поволно. Политички не можевме да донесеме таква одлука. Тој што ја донел нека објасни. Инаку, секој би се радувал да имаме погребан цар. Ние сме големи патриоти, но не знаеме каде се горобовите на нашите цареви. И почнуваме да ги почитуваме дури кога ќе умрат“, изјави лидерот на опозициската ГЕРБ.

Токму Борисов во јуни 2017 година го доведе Зоран Заев пред споменикот на Цар Самоил во Софија, кадешто на неговиот тогашен „тазе“ колега не му пречеше да се ракува и да положи цвеќе под натписот „цар на Бугарија“.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top