Македонија

Признание од Македонија за болницата „Пирогов“ за лекувањето повредени од Кочани

Благодарницата до медицинската установа од Софија лично ја врачи македонската амбасадорка Агнеза Руси Поповска

N4021

Амбасадорката на Република Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, денеска ја посети болницата „Николај Пирогов“ во Софија и на извршниот директор Валентин Димитров му врачи признание за лекувањето повредени од трагедијата во Кочани.

По пожарот во дискотека „Пулс“ во март минатата година, осум настрадани беа примени во „Пирогов“. Тројца од нив беа малолетници на возраст од 15 и 16 години, а останатите петмина од 19 до 31 година.

Во тоа време, д-р Димитров објави дека сите се во сериозна состојба, а тројца беа интубирани.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

(Видео): Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните ја платија цената, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека со денешната најава на премиерот Мицкоски за намалување на акцизата, владата призна дека СДСМ бил во право, но предоцна се реагира.

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

(Видео): Образовен институт регистиран во обложувалница, работел со два душека и две столчиња, рече Јаневска

Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

To top