Македонија

Проблем со „Безбеден град“ ако имате возило на лизинг

Казните регистрирани преку системот „Безбеден град“ за возила со црвени таблици најчесто пристигнуваат до лизинг компаниите наместо до возачите, бидејќи тие се заведени како формални сопственици на автомобилите.

Казните регистрирани преку системот „Безбеден град“ за возила со црвени таблици најчесто пристигнуваат до лизинг компаниите наместо до возачите, бидејќи тие се заведени како формални сопственици на автомобилите. Ова го потврдуваат од повеќе лизинг куќи, кои велат дека административниот товар и обврската за идентификација на вистинскиот прекршител целосно паѓа на нив.

Кога камерите од системот „Безбеден град“ ќе регистрираат прекршок – како пребрзо возење или поминување на црвено светло – сообраќајната казна автоматски се генерира на името на сопственикот на возилото. Кај возилата со црвени таблици тоа речиси секогаш е лизинг компанијата, а не корисникот кој реално управувал со автомобилот во моментот на прекршокот.

Компаниите објаснуваат дека мора дополнително да ги следат казните, да ги известуваат клиентите и да бараат нивна потврда или податоци за лицето кое го управувало возилото, што го продолжува процесот и предизвикува доцнења во наплатата. Дополнително, можно е да се пропушти и рокот од 8 дена во кој се плаќа половина од казната.

Од МВР засега не најавуваат промени во процедурата, бидејќи системот функционира според важечката законска рамка – казната се издава на формалниот сопственик, а тој има обврска да го пријави вистинскиот возач.

Лизинг компаниите, пак, бараат појасни решенија и измена на законските одредби, со цел прекршоците регистрирани од „Безбеден град“ да можат побрзо и поефикасно да се проследат до лицето што реално го сторило прекршокот.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top