Македонија

Продолжуваат разговорите за реконструкцијата на Владата

Денеска на ред е средба со ЗНАМ

Продолжуваат разговорите за реконструкција на Владата. Денес, според најавите, треба да се реализира средбата со ЗНАМ. Оттаму велат дека нивните министри одлично си ја вршат работата.

Министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ Горан Минчев во интервју за Канал 5 откри дека веќе имаат направило детална евалуација на двегодишното работење на сите нивни функционери и дека ставот на партијата оти нивните кадри одлично си ја вршат својата работа.

Премиерот Христијан Мицкоски на роденденот на партијата, пред почетокот на разговорите, рече дека на некои функционери им е поблиска фотелјата од народот.

Премиерот тогаш нагласи дека внимателно ги следи состојбите во институциите и дека не е задоволен од појавите кај дел од функционерите кои се оддалечуваат од принципите врз кои е формирана Владата.

Тој посочи дека до него пристигнуваат забелешки за недоволна достапност на дел од министрите и директорите, како и за оддалечување од секојдневните проблеми и потреби на граѓаните. Мицкоски јасно порача дека Владата е избрана да му служи на народот, а не да ужива во привилегиите на власта, додавајќи дека секој функционер мора да биде достапен, посветен и постојано присутен меѓу граѓаните.

Во своето обраќање тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува.

Премиерот исто така порача дека не прифаќа оправдувања за неисполнување на обврските и дека секој што не може да одговори на предизвиците треба чесно да го преиспита своето место во тимот. „Сите отстапувања прецизно ги нотирам и ќе има промени. Тие промени треба да ги подобрат капацитетите и да го дадат максимумот од секој поединец. Сакам секој од вас да остане посветен на народот, достапен и чесен“, беше пораката на Мицкоски.

Основниот критериум во процесот на реконструкција останува ефикасноста, достапноста кон граѓаните, исполнувањето на програмските цели и целосната посветеност на работата во интерес на народот.

Детали за разговорите засега не се соопштуваат. Од Владата вчера информираа дека се работи за рана фаза од разговорите и дека штом има нешто конкретно јавноста ќе биде информирана.

– Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали, нагласија од Владата.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top