Македонија

Проектот „Безбеден град“ и во Штип

Системот за безбедност во сообраќајот

По примерот на Скопје и Штип, ќе добие современ систем за видео надзор. Камери ќе бидат поставени на 155 позиции низ градот. Тендерската постапка е завршена, а во наредниот период треба да биде изберен најповолен понудувач. Со поставувањето на видео надзорот ќе се зголеми безбедноста во градот , а истовремено ќе се намалат и девијатните појави како што е уништувањето на урбаната опрема и парковите.

„На 155 позиции во градот да бидат поставени видео надзори со коишто верувам дека ќе се евеидентираат сите девијантни појави, оштетувања на јавен простор, на јавна површина, оштетување на урбана опрема . ова константно ни се случува во градот. Верувам дека овие записи ќе може да служат и на СВР-Штип за доказна постапка„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Под видео надзор ќе бидт сите грдинки, училишта, а камери ќе бидат поставени на влезовите во Штип, како и на најфрекфрентните и поголеми сообраќајници и крстосници во градот.

„Локациите се утврдени во координација со СВР-Штип, но и за потребите на институциите под Локална самоуправа, вклучувајќи ги овде сите образовни институции, градинки, паркови, јавни површини, како и градската депонија„Трештена скала”„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Овие камери кои ќе ги постави штипската Локална самоуправа, нема да бидат врзани во рамки на проектот Сејф сити„ туку  ќе имаат друг степен на употребливост, односно ќе го зголемат степенот на безбедност на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top