Македонија

Професорка со прототип за добар албански националист од македонската секција

Властите веднаш да ги размонтираат сообраќајните камерите од мнозинско албански средини

Професорката Каролина Ристова Астеруд ги коментира изјавите на Зијадин Села и други политичари кои го критикуваат проектот ,,Безбеден град”.

Таа анализира кој е прототипот за добар албански националист од македонската секција:

,,🇪🇺 Прототип на добар европски националист:

Јас посакувам и деноноќно ќе работам на тоа моето племе да напредува кон благосостојба и да биде по истите основни и докажани стандарди кои важат за сите други племиња во Европа, ма кај и колку се може, дури и на рамна нога и конкурентно со нив. Најмногу и што побрзо се може. Ма, кај се може, и да ги прешишаат сите други.
Ако моето племе нема добри работни навики, да ги стекне. Ако е гнаса за јавна чистота, да се смени. Ако вози небезбедно, исто. Итн. итн.итн.
Што?! Има некое решение за забрзано јакнење на културата на безбедност во сообраќајот, нешто со камери по сообраќајници? Помалку припадници од моето племе да гинат, помалку повредени и осакатени да има, помалку финансиски и секакви други штети по домашен буџет од сообраќајки, помалку уништување и менување на лошо на цели судбини ? Ма дајте ги сите тие камери таму каде живее моето племе, пронто! Ма само ако се стави помалку камери таму, тоа значи дека некој намерно сака да не бидеме безбедни и да гинеме во сообраќајќи, да останеме назадни, сите други да напредуваат, а ние не.

🇦🇱- 🇲🇰 Прототип на (умислен за добар) албански националист – македонска секција, со статус на ендемски примерок во Европа:

За сеʼ погоре изнесеното, си тера по обратни логики. Впрочем, само ендемскиот примерок на албански националист од македонската секција може да смисли дека е “добро за племето“ да му се уништуваат претходно солидните традиции на работна етика со некакви си договори за работа без да се оди на работа, како и да се прима плата без да се работи. А може да се изредат многу други слични примери на тие и такви предрасуди на ниски очекувања од и за своето племе, дополнително зајакнати и со концепти за обврски и одговорност на ниво на малолетници, а кај ептен тврдокорните, и на ниво на малоумници, и за одвнатре племето, ич муабет за нанадвор и наспрема другите. Сето тоа, нели, на пат за во ЕУ”, пишува РистоваАстеруд.

Во анализата професорката Ристова Астеруд дава луциден предлог како да се надмине проблемот.

,,Што се однесува до позераите на жртва на почитуваниот Зијадин Села за “многу камери во Чаир” и дека тоа било “дискриминаторски”, јас како Македонка со многу високи очекувања од моето племе за икс работи, им предлагам на властите веднаш да ги размонтираат камерите од мнозинско албански средини, и сите до последна правец само во мнозинско македонски средини. Ма да ги “утепате” од дискриминирање (да, тоа би било без наводници) за потребите на повисока сообраќајна култура, побезбеден сообраќај и помалку жртви и уништени судбини. И не само како пилот-проект, туку за постојано.

Истовремено и поврзано, имам уште еден предлог, по инспирација од логиката на З.Села, но во прилог на слободите, правата и правните интереси на засегнатите на другата страна. Да, нека се тргнат “дискриминаторските” камери од мнозинско албанските средини, но во делот на сообраќајните прекршочни и кривични деликти да се внесат следните законски измени и дополнувања:
секогаш кога сторител/ка на таквите деликти по живот/тело/имот е некој/а од албанската етничка заедница со македонско државјанство или со престој во Македонија, а на штета на жртви од македонска или друга неалбанска етничка припадност, правната квалификација секогаш да биде дело на омраза или дело на тероризам, се разбира, во зависност од тежината. Ако жртвите се Албанци, вообичаеното, и натаму се одговара по квалификации за сообраќајни деликти, како што важи за сите други. Консеквентно изведена инверзија на матрицата на Зела, а и ферски и реципрочно по влог, така?

Се разбира, сето ова сегде каде е соодветно за ЕУ-потреби, ќе оди со ѕвездичка, нешто како наша верзија на Македонија на пат за ЕУ со “две брзини”, пишува Астеруд со доза на иронија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Најнови вести

To top