Македонија

Прва спортска сала во Хром: Инвестиција за иднината на децата

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во завршните работи на новата спортска сала во ООУ „Димитар Поп Ѓорѓиев – Беровски“ во населбата Хром, Скопје.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во завршните работи на новата спортска сала во ООУ „Димитар Поп Ѓорѓиев – Беровски“ во населбата Хром, Скопје. Ова е прв спортски инфраструктурен проект во историјата на Хром, со целосно опремена сала, вклучувајќи гардеробери, санитарни јазли и друга потребна инфраструктура, достапна за учениците и жителите на населбата.

Инвестицијата за салата изнесува 19.730.000 денари со ДДВ, што ја прави една од најзначајните образовно-спортски проекти во општината. Паралелно, со дополнителни 1.500.000 денари се реализираа нов влез со пристапна рампа, скали и патека, нова трпезарија и кујна, реновирање на стариот дел од училиштето, проширување на ходниците и санација на оштетени делови од кровот. Овие вложувања го трансформираат училиштето во современа, безбедна и функционална средина за учење и активности.

Градоначалникот Стојкоски истакна: „Денеска пишуваме историја за Хром и за целата општина. Ова е првата спортска сала овде, потврда дека кога ветуваме – реализираме. Нашите деца ќе имаат подобри услови за учење и спорт, а жителите на Хром современ простор за идните генерации. Ѓорче Петров создава иднина.“

Проектот ја потврдува посветеноста на Општина Ѓорче Петров за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот, со фокус на образование и спорт. На социјалните мрежи, жителите го поздравија проектот како чекор кон модернизација на Хром.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top