Македонија

Првиот човек на ЕУ прифатил позиции на Сиљановска и Мицкоски за спорот со Бугарија

Мала но значајна дипломатска победа на Сиљановска и Мицкоски која покажува дека и малите земји можат да постават свои црвени линии

Тоа што е договорено е договорено и треба да се испорача, но треба и да се убеди Македонија дека нема да има нови барања.

Ова е пораката која претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја испрати до Скопје, но и до Софија по средбата која пред неколку дена ја имаше со бугарскиот премиер, Росен Жељазков, при што порача дека ја разбира фрустрацијата од македонската страна од долгото чекање на членство, но оти условите одобрени за Македонија од страна на Европскиот совет во 2022 година, остануваат.

Кошта не ретерира од генералниот став на ЕУ но е првиот висок ЕУ функционер кој јавно укажува дека мора да има гаранции дека ова е последно барање на Бугарија во однос на Македонскиот влез во ЕУ.

Уште повеќе, Кошта посочува дека пред се Бугарија но и другите ЕУ фактори треба да ја убедат Македонија дека нема да има нови барања кон земјата која досега на барање на странците цели 36 пати го менувала уставот како што посочи Сиљановска Давкова во едно од своите последни интервјуа.

„Она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорни и тие треба да испорачаат. Но истовремено многу е важно да се гради доверба и да се увери Македонија дека она што го бараме сега, не е нешто што го бараме сега и чекаме потоа да побараме да направат повеќе“, рече Кошта.
Кошта притоа рече дека тој лично е многу ангажиран во процесот за придвижување на пристапувањето на Македонија во ЕУ, најавувајќи средби со претставниците на двете земји по завршување на изборите во земјава.

Македонскиот државен врв од тоа што може да се види е цврст во определбата да нема уставни измени за влез на Бугарите во уставот освен ако претходно земјата не влезе во ЕУ, таканареченото одложено дејство на уставот, и од тој став не се отстапува но добро е што македонската позиција за цврсти гаранции која беше незамислива во времето на СДСМ и ДУИ сега е став и на првиот човек на ЕУ.

Кошта практично во својот став го инкорпорира барањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски кои во повеќе наврати јавно побараа гаранции дека Бугарија нема да има и други барања на патот кон ЕУ затоа што највисоки бугарски претставници постојано најавуваат дека влезот на Бугарите во македонскиот устав е само едно прашање кое го очекува Софија.

Прашањето за гаранции дека Бугарија нема да блокира доколку еден ден се реши прашањето за промена на уставот прв го постави премиерот Христијан Мицкоски кога беше во опозиција.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на оваа тема официјално зборуваше на својата прва официјална средба со странски шеф на држава лани во Мај во Рим кога се сретна со италијанскиот претседател.

На средбата со Матарела според тогашните медиумски извештаи Сиљановска побарала цврсти гаранции дека Бугарија нема да бара нови барања ако евентуално дојде до промена на уставот.

По средбата со Матарела и соопштението од кабинетот на Сиљановска дека мора да се дадат гаранциии за воопшто да се разговара на тема приемна на уставот, дел од јавноста блиска на СДСМ ја обвини претседателката дека не смее малата Македонија да поставува барања од Италија или другите ЕУ членки.

Шеснаесет месеци подоцна шефот на ЕУ Кошта ова барање на Сиљановска и Мицкоски го прикажа како став на Европската унија и тоа на средба со бугарски премиер.

Досега такви гаранции не дојдоа ниту од Софија ниту од Брисел и Вашингтон но изјавата на Кошта која е прва од таков вид покажува дека со координирана и принципиелна македонска политика во која доминираат аргументи базирани на меѓународното право може да се дојде до драматично подобра позиција од таа што ја постигнаа Никола Димитров и Бујар Османи водени од Зоран Заев, Артан Груби и Димитар Ковачевски.

Изјавата на Кошта кој во Мај во Скопје имаше долги одделни средби со Сиљановска и Мицкоски е знак дека ЕУ размислува за оправданоста на македонската позиција против промена на уставот без да има конкретна гаранција дека Македонија ќе влезе во ЕУ за брзо време и нема да се занимава со нови налудничави бугарски барања.

Жељазков ставот за Македонија го кажа уште во воведното обраќање на прес-конференцијата со Кошта, велејќи дека позицијата на Бугарија останува непроменета, почитување на правата на Бугарите во земјава, вклучително и нивно впишување во Уставот.

„Единствениот пат напред е целосно исполнувањето на договореното со консензус во Европскиот совет од 2022 година, без можност за некаква ревизија“, рече Жељазков.
Жељазков одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го објаснува новото агресивно и негативно однесување од Македонија, рече дека Бугарија досега не им дала основ на македонските власти да тврдат дека постои бугарски диктат во пристапниот процес на Македонија.

„Спротивно на тоа. Ние со одлука на Собранието од оваа година ја потврдивме нашата позиција и изрично кажавме дека ние нема да поставуваме нови нови барања за обврски кон нашите соседи“, рече Жељазков.
Жељазков го повтори ставот на бугарската влада дека е неоправдана и непотребна иницијативата, поднесена до Уставниот суд на Македонија, за преиспитување на уставноста на Протоколот од Договорот за добрососедство, кој е дел, како што рече, и од консензусот на ЕУ за Македонија од 2022 година.

Најчитани статии

Новиот рекет скандал на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Најнови вести

To top