Хроника

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани Дејан Јованов (Деко) ќе излезе наскоро од притвор

На 3 октомври првообвинетиот за пожарот во дискотеката во Кочани, Дејан Јованов (Деко) ќе излезе од притвор, потврдил Кривичниот суд за ТВ Телма. Според Законот за кривичната постапка, тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март 2025 година загинаа 63 луѓе, а над 222 беа повредени во катастрофален пожар, ќе се брани од слобода во судскиот процес, кој освен него, опфаќа и 32 физички лица и три правни лица. Според Законот за кривичната постапка тој може да биде во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

„Притворот против првообвинетиот Дејан Јованов од страна на кривичниот совет е продолжен до 3.10.2026 година, имајќи предвид дека Обвинителниот акт е оценет на 3.10.2025 година и согласно законските одредби мерката притвор може да трае до најмногу една година од оцената на актот. Со цел да се обезбеди непречено присуство во понатамошниот дел од судската постапка, Судот, согласно со досегашната пракса, по службена должност, по истекот на законскиот рок за мерката притвор, определува дополнителни мерки за претпазливост и обезбедување на обвинетиот“ изјавија за ТВ Телма од Основен кривичен суд – Скопје.

Јованов е во притвор од 23 март минатата година. Обвинетите се товарат за “tешки дела против општата сигурнос“, за што е пропишано дека сторителот ќе се казни со затвор најмалку 3 години, без горна пропишана граница.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Хроника

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

Најнови вести

To top