Македонија

Пуштал затвореници, но тврди дека имал право, ексдиректорот на Шутка се изјасни за невин

Судење

Екс директорот на затворот Шутка не чувствува вина што ослобувал затвореници да си одат дома, па уште и  и полицајци со возила ги придружувале во нивните  приватни прошетки.  Филип Андов – Сокол и шест полициски службеници од затворот Шутка, пред судот се изјазнија за невини, за обвинението дека со нивно знаење и потпис од поранешниот дирекор во девет наврати петмина затвореници си оделе дома, се гледале со нивните роднини, а во затворот внесувале предмети кои што претставувале ризик за другите затвореници и безбедноста на установата. Според обвинителката тоа се случувало од март до јули лани што било констатирано од вонредниот надзор на Управата за извршување санкции.

Андов пак вели дека тоа било негово дискриционо право што го искористил во многу наврати, а не само во девет наврати за што обвинителството има докази.

Бранителите ќе докажуваат спротивно од напишаното во обвинителниот акт, а бараат и да се почитува пресумпција на невиност за сите обвинети.

За еден затворски чувар судската постапка се одвои поради неговата здравствена состојба.

Според обвинителството, затворениците биле спроведувани до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување вон затвор, на лица лишени од слобода. Тие единствено може да се однесат до суд, здравствена установа или друг орган.

Но, петмината осуденици доставувале молба до Андов кој со печат или потпис одобрувал повремено да го напуштат затворот. Потоа затворските полицајци користејќи службени возила и службено гориво ги носеле осудените до определените места ослободувајќи ги да извршуваат приватни работи, а по 8 до 10 часа ги враќале назад во затворот. Андов на дел од осомничените затворски полицајци им одобрувал прекувремени работни часови, со што направиле и штета на буџетот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top