Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Македонскиот електропреносен систем МЕПСО  го пушти во пробна работа реконструираниот 110 kV далековод Битола-Прилеп. Од МЕПСО информираат дека реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со нов далековод со челично-решеткасти столбови.

  • Новоизградениот далековод има вкупна должина од 33,5 km и е составен од 125 челични столбови. Во рамки на проектот е извршена целосна замена и монтажа на нова проводна и изолациона опрема, вклучително фазни проводници, заштитно јаже, изолатори и придружна опрема, со што е обезбеден зголемен преносен капацитет на далеководот и подобрени електрични и механички карактеристики во однос на претходната состојба. Зголемениот преносен капацитет придонесува за подобрување на сигурноста, стабилноста и оперативната флексибилност на електропреносната мрежа во регионот – велат од компанијата.

Проектот е реализиран со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Градежните, електромонтажните и електроенергетските работи се изведуваа во периодот од 2023 до 2025 година, а се потрошени 3,5 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР.

Изведувач на работите беше хрватскиот конзорциум предводен од „Далековод“. Од МЕПСО информираат и дека се направени предвидени технички испитувања и проверки, по што далеководот е пуштен под напон и ставен во пробна работа.

Најнови вести од: Македонија

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

(Фото): УЈП ќе обучува студенти за работа во странство – почнуваат обуки за даночни обврски

Управата за јавни приходи најави организирање обуки за студентите кои работат во странство, со цел подобро да ги разберат своите даночни обврски и права. Од таму информираат дека обуките ќе започнат од понеделник, по средбата меѓу директорката Елена Петрова и претставниците на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и Адам Стојановски.

To top