Македонија

Пуштен во употреба затворениот базен во Општина Штип

Проекти

Во Штип денеска во употреба е пуштен затворениот базен, чија изградба неколку години беше стопирана. На свеченото пуштање на затворениот базен, присуствуваа премиерот, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, пратениците во Собранието и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Како што истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, конечно се завршени сите активности поврзани со изградбата.

– Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Владата, на премиерот, на министерот за спорт, кои се главни виновници за продолжување на работите поврзани со објектот на затворениот базен, затоа што како што претходно напоменав неколку години овој објект беше во застој. На радост на сите нас како центар на истокот од Македонија, еве после сите активности превземени после координациите, сите активности се завршени и верувам дека овој објект ќе биде искористен од учениците кои на час за физичко воспитување ќе го користат овој објект, ќе го користат исто така и пливачките клубови, рекреактивците и конечно Штип ќе добие еден ваков репрезентативен објект во кој имаме затворен базен. Благодарност уште еднаш и сум сигурен дека и во период којшто следи ќе се продолжи со инвестирање во спортската инфраструктура, изјави Јорданов.

Министерот за спорт, Ристовски истакна дека пливачките клубови во Штип  ќе имаат значително подобри услови и ќе може да работат во текот на целата година, а базенот ќе се користи и од страна на учениците по час за физичко воспитување, како и рекреативци.

-Претставува огромна чест и задоволство за проекти почнати пред четири години ги ставаме во функција. Овој е веќе втор таков базен, за 20-тина дена ќе пуштиме уште два во употреба што значи дека сите оние наши заложби и ветувања кои што ги дадовме пред една година веќе почнуваат да се гледаат и низ дела и низ нивна реализација. Јас би упатил една благодарност до градоначалникот за одличната соработка, координација затоа што не можете да направите базен без да имате со локалната самоуправа добра соработка и координација. Гледате дека базенот изгледа навистина пристојно и убаво за македонски услови, овој е прв ваков базен во Штип и се надевам дека многу дечиња ќе имаат можност најпрво да рекреираат од училиштата меѓутоа понатаму и рекреативно да доаѓаат оние кои што ќе сакаат да го користат овој базен. Јас би упатил благодарност и до Владата и премиерот Христијан Мицкоски затоа што навистина без поддршка од Владата и премиерот не можете да завршите ниту да почнете какви било инфраструктурни и спортски проекти,  речи  Ристовски.

Премиерот Мицкоски додаде дека ќе продолжат и во иднина да инвестираат во спортот.

-Овој базен којшто претставува типска градба, е еден од шесте, втор по ред. Знаете дека овие проекти беа заглавени со години, 4-5 години стоеја, тапкаа во место, не беа реализирани. Но, еве сега со доаѓањето на оваа Влада, изминатите 15 месеци откако сме Влада, ги задвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци, се разбира. Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, изјави премиерот Мицкоски. вдј/вг/

Фото: Влада

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top