Македонија

Радмила Шекеринска во посета на Бугарија

Заменик-генерален секретар на НАТО

Заменик-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, соопштија од седиштето на Алијансата. Оттаму информираат дека таа ќе одржи голем број билатерални средби.

Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО во нивната база во Ново Село и ќе учествува на вежбата на Пактот за управување со вонредни состојби „Бугарија 2025“ во Центарот за стручна обука за итен одговор во Монтана.

Според НАТО, Шекеринска ќе одржи и говор во Атлантскиот клуб.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

To top