Македонија

Рамиз Мерко жестоко „распука“ по ДУИ и Ахмети: Мене ме игнорирате, а за другите барате правда

Ексградоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, јавно ја обвини политичката сцена за постоење на двојни стандарди во односот кон поранешни функционери, оценувајќи дека принципите за правична и еднаква постапка не се применуваат за сите подеднакво.

Ексградоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, јавно ја обвини ДУИ за постоење на двојни стандарди во односот кон поранешни функционери, оценувајќи дека принципите за правична и еднаква постапка не се применуваат за сите подеднакво.

Во своја објава, Мерко посочи дека внимателно ги следел изјавите на ДУИ во кои се осудува политичкиот притисок врз поранешни функционери како Блерим Беџети и Фатмир Дехари, но постави прашање зошто истиот принцип не бил применет и во неговиот случај.

„Барањето за еднаква правда и немешање на политиката во институциите е исправно. Но прашањето е зошто тие принципи не важат за сите подеднакво“, напиша Мерко.

Тој истакна дека повеќе од две децении бил активен во политичкиот живот и имал значајна улога во изборните резултати на партијата, но кога се соочил со судски постапки, наместо поддршка, доживеал дистанцирање, па дури и негирање на неговата поврзаност со партиските структури.

Мерко тврди дека постапките против него биле поврзани со административни одлуки и институционални прашања, а не со докажана корупција или финансиски криминал. Според него, таквите случаи биле третирани како проблематични, иако се дел од секојдневното функционирање на институциите.

Тој направи споредба со други случаи, нагласувајќи дека кај одредени високи функционери реакциите биле „внимателни или заштитнички“, што, според него, јасно покажува селективен пристап.

„Ова не е прашање на поединци, туку на принципи. Не може да се бара правда само во одредени случаи, ниту поддршка само за некои“, нагласи Мерко.

На крајот од објавата, тој изрази поддршка за сите поранешни функционери кои се соочуваат со, како што вели, политички мотивирани процеси и потенцира дека правдата „не смее да биде селективна, туку еднаква за сите“.

Најнови вести од: Македонија

Глобален дефект во Мета ги собори Фејсбук и Инстаграм, во Македонија не може да се користи десктоп верзијата

Им се порачува на корисниците да не ја бришат мобилната апликација и да не го притискаат копчето за најава постојано за да не бидат блокирани под сомнеж за спам. Инженерите на Мета веќе работат на дефектот, а постепено нормализирање на мрежите се очекува во текот на денот.

Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат, застој во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

ИЈЗ: Водата во Гостивар не е за никаква употреба

До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака. АХВ издаде забрана за употреба на водата од гостиварскиот водовод поради сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.

Мицкоски до судиите: Пари нема да добиете

Мицкоски оцени дека станува збор за најдобриот извештај што Македонија го добила досега, иако призна дека во него има и забелешки. Тој рече дека ќе продолжи јавно да бара резултати од судиите и обвинителите бидејќи, според него, граѓаните не се задоволни од испораката на правда.

To top