Македонија

Расте незадоволството во СДС, поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС.

facebook.com/filipce.venko

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е  резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата.

Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет.

Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви.

Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДС до историски пораз.

Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев.

Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДС за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДС.

За здрав демократски систем потребно е СДС да се ослободи од менторството на Заев и штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. На Македонија и е неопходна силна и консолидирана опозиција која ќе биде коректор на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во своја научна статија.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

To top