Македонија

Разрешен судија на Апелацискиот суд

Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој пред неколку месеци беше ставен на т.н. црна листа на САД

 

Судскиот совет донесе решение со кое го разреши Енвер Беџети, наведувајќи дека е утврдена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција.

Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој пред неколку месеци беше ставен на т.н. црна листа на САД, бидејќи примал мито и одолговлекувал предмети поврзани со поранешниот прв човек на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Како причини за разрешувањето се наведуваат: сериозна повреда на јавниот ред и мир, други потешки форми на недолично однесување, нарушување на угледот на судството.

„Кога е вака нарушен угледот, тој судија повеќе не може да суди, бидејќи не постои веќе доверба. Таа доверба е целосно изгубена,“ стои во решението на Советот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top