Македонија

Ректорката на УКИМ додели признанија од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

За посебен придонес

 

 

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, на Свеченото отворање на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, по предлог на Советот на Меѓународниот семинар, ги врачи признанијата „Синергии“ и наградата за наука „Воздејства“.

На претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ректорката Ангелова и ја додели благодарницата Синергии“, во знак на признание за посебен придонес во поддршка на афирмација на македонистиката.

На Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Ректорката Ангелова и го додели признанието „Синергии“, во знак на признание за посебен придонес во поддршка на афирмација на македонистиката.

На проф. д-р Маќеј Кавка, Ректорката Ангелова му ја додели највисоката награда за македонистика, за исклучителни, долготрајни и повеќедецениски достигнувања и придонес во научноистражувачката и културната афирмација од областа на македонистиката.

 

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top