Македонија

РКЕ: Уште два дена грејна сезона

Грејната сезона заврши на 15 април, но системот остана во приправност

Грејната сезона во Скопје продолжува и во следните два дена (1 и 2 мај), соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Комисијата, во соопштението, се повикува на основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија.

Влажно и ладно за првомајскиот продолжен викенд

Одлуката следува по добиените петдневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи, кои покажуваат дека се очекуваат невообичаено ниски температури за овој период од годината.

Целта е достигнување на високи стандарди во исполнување на јавната услуга снабдување со топлинска енергија за греење- велат од РКЕ.

Денеска завршува грејната сезона

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top