Македонија

Рокас: ЕУ ќе направи сè за да се осигура Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО

Ова вчера го нагласи амбасадорот на Европската Унија во земјава, Микаил Рокас, по средбата со градоначалникот на општина Струга, Менди Ќира

 

Управувањето со цврстиот отпад и третманот на отпадните води се високи приоритети во кои Европската Унија ќе направи сè што може за да се осигура дека Струга и Охрид ќе го задржат статусот на УНЕСКО.

Ова вчера го нагласи амбасадорот на Европската Унија во земјава, Микаил Рокас, по средбата со градоначалникот на општина Струга, Менди Ќира.

На средбата, како што нагласи Рокас, беше разговарано за патот на европската интеграција на Република Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува општина Струга.

„Беа покренати многу прашања. Едно од нив беше управувањето со цврстиот отпад и потребата од негова преработка. Решение беше пронајдено со изградба на регионален центар или фабрика за преработка на цврст отпад. Ќе биде објавен тендер за избор на компанија што ќе го спроведе ова.

Друг проблем што се појави е третманот на отпадните води, кои се влеваат во езерото. Ова се клучни приоритети со кои ние, како Европска Унија, ќе направиме сè што е во наша моќ за да можат и Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО“, изјави Рокаси по средбата.

За подобрување на животот на граѓаните, тој нагласи дека ЕУ ја има програмата „Луѓе за луѓе“, како и програми за прекугранична соработка со Грција и Албанија. (Телеграфи)

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top