Македонија

Рокот за кандидатури за градоначалници истекува на полноќ

Кандидатурите се доставуваат преку овластени предлагачи во просториите на Општинските изборни комисии и до Изборната комисија на Град Скопје

Сите кои сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025, закажани за 19 октомври, имаат рок до полноќ за поднесување на кандидатури за градоначалници и листи за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје.

Кандидатурите се доставуваат преку овластени предлагачи во просториите на Општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).

Од ДИК информираат дека ОИК веднаш по приемот утврдува дали листата е поднесена навремено и во согласност со Изборниот законик. Податоците за исполнување на условите се проверуваат во регистрите на надлежните институции, кои мора да ги достават информациите во рок од 24 часа.

Доколку листата е поднесена правилно, ОИК или ИКГС ја потврдува во рок од 24 часа.

Во случај на неправилности, предлагачите имаат 48 часа за отстранување на забелешките или за замена на кандидат што не ги исполнува условите. Листите можат да се повлечат само целосно, во рок од 48 часа од потврдувањето.

Редоследот на листите ќе биде утврден со ждрепка што ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември. Утврдените листи ќе бидат објавени најдоцна 23 дена пред изборите, а во општините каде над 20% од граѓаните зборуваат друг службен јазик, тие ќе бидат објавени и на тој јазик.

До 27 септември, политичките партии што учествуваат во изборниот процес ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Најнови вести од: Македонија

Македонија фактор на енергетската стабилност: Намалени акцизи, намален данок, најевтини горива во регионот

Цената на горивата нема да отиде над 100 денари, дизелот останува ист, бензинот поевтин за два денари по литар. И покрај нагорните трендови на светските берзи, македонските граѓани ќе продолжат да плаќа најевтини горива во регионот. Владата и официјално ги намали акцизите, 4 денари за нафтата и 2 денари за бензините. На сила уште најмалку […]

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

To top