Македонија

Салата „Расадник“ стана најсовремен објект од ваков тип

Младите ќе спортуваат и ќе се изродат мега ѕвезди, порача премиерот Мицкоски

Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода.  Премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба посочи дека како Влада секој ден се трудат дел од оние проекти коишто ги започнале да ги завршуваат, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат.

-Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е конфигурирана е со капацитет од илјада гледачи. Гледате условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект, од овој карактер на ниво на цела држава. Сигурен сум дека не само младите од Кисела Вода, туку и од градот Скопје, па и пошироко ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат, ќе другаруваат и зашто да не се изродат европски и светски мега ѕвезди коишто се најголеми амбасадори на една држава, рече премиерот.

-Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на исклучително добрата и успешна соработка со градоначалниците на општината Кисела Вода и на градот Скопје, на министерот за спорт, на сите колеги од владата коишто ја препознаа целта на онаа наша иницијатива уште кога како влада го започнавме овој мандат пред 2 години, да преку трансфери кон општините помагаме за социјалниот развој на истите и да бидат додадена вредност тие трансфери во квалитетот на животот на граѓаните, бидејќи на првата линија се општините, рече Мицкоски.

Премиерот најави дека така ќе продолжат и во иднина и посочи дега него му е исклучително големо задоволството кога ќе можат да пуштат во употреба еден ваков тип на објект.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top