Македонија

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот

На телефонскиот повик гледал како соработка меѓу институциите, бидејќи како што вели Савески, од условите кои треба да ги обезбеди извршната власт, зависат и резултатите на јавното обвинителство..

Државниот обвиниел Ненад Савески смета дека немало ништо спорно што му се јавил премиерот бидејќи како што вели, можел секој да му се јави, па и претседателот на владата.. На телефонскиот повик гледал како соработка меѓу институциите, бидејќи како што вели Савески, од условите кои треба да ги обезбеди извршната власт, зависат и резултатите на јавното обвинителство..

„Не знам колку е тоа надлежност на премиерот, дека, покрај останатото е и да се јави кај јавниот обвинител. Меѓутоа, како и секој што има право да ми се јави, ми се јавил и претседателот на владата и тука не гледам ништо спорно. Сум истакнал и претходно дека јас секогаш сум за соработка помеѓу институциите, во случајов, комуникацијата помеѓу јавното обвинителство со другите институции, сметам дека е неопходна, се со цел токму и во насока на остварување на резултати, а за да се остварат резултати потребно е да се овозможат и услови. А, во голем дел, овозможувањето услови за работа на јавните обвинители, таква задача има токму извршната власт“, изјави Ненад Савески, Државен јавен обвинител.

Во однос на изјавата на премиерот, дека трпението му е при крај заради незадоволителното темпо со кое институциите испорачуваат правда, Савески вели дека секој имал право да изнесува свои ставови, а обврска на обвинителството било да испорачува резултати и да ги исполни очекувањата.. Реакциите не му влијаеле во постапувањето или носењето на одлуки..

Државниот обвинител, најави дека наскоро ќе има јавнообвинителска одлука за случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката.. На заеднички состанок со истражителите од МВР и обвинителството, бил направен план за дополнителни истражни дејствија, а се анализирале и снимки од видеонадзорот..

„Она што е најново е дека имаше состанок со истражителите, односно со истражителите од МВР и тимот на истражители кој работи на овој случај во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Имаше координативен состанок на кој присуствував и јас. Се изготви план за понатамошни истражни дејствија. Според информациите во кои имав увид, како од надлежниот јавен обвинител, така и од истражителите, истражните дејсвија се во завршна фаза, така што сметам дека во скоро време ќе има јавнообвинителска одлука во врска со тој случај“, вели Савески.

Савески информираше дека предметот „Мазут“ за кој беше сопрена истрагата е во вишото јавно обвинителство и во наредниот период ќе биде донесена одлука дали ќе бидат земени предвид забелешките на ЕСМ..

Најнови вести од: Македонија

Неуспешните обиди на Бугарите да ги спречат Кажимјеж Фелешко и други полски македонисти во меѓународната афирмација на самобитноста на македонскиот јазик

Денес, на 3 јули 2026 година се навршуваат 25 години од смртта на истакнатиот полски славист и македонист Кажимјеж Фелешко, еден од големата низа полски македонисти, кој има дадено драгоцен придонес кон меѓународните студии на македонскиот јазик, третиран како засебен јазик во семејството на јужнословенските јазици. Оваа годишнина е повод за осврнувањето на научното творештво негово, но и на цела една голема низа други исто така истакнати полски македонисти, кои повеќе децении во континуитет се вклучени во студиите за македонскиот јазик, во македонистиката во Полска, а со тоа и во широката меѓународна афирмација за македонскиот јазик. Во овој контекст е посебно за истакнување и една од најголемите полски македонистки и членка на Македонската академија на науки и уметности Зузана Тополинска, која во 2020 година ќе изнесе шокантно сведоштво во интервју за „360 степени“ дека Бугарите ѝ нуделе дури и пари да се откаже од македонистиката и македонскиот јазик. „Бугарите се циркус, поради својата несигурност во врска со поради македонскиот јазик!“ – ќе каже академик Тополинска во тоа свое интервју. Во 2005 година професорката Лилјана Минова – Ѓуркова ќе изнесе уште еден вџашувачки момент: при доделувањето на почесниот докторат на науки на Станислав Гајда, полски филолог и македонист, од страна на Универзитетот УКИМ, Бугарите им упатувале и ултиматуми не само на група македонски македонисти, туку и на самиот Гајда, „да се откажат од Македонците и македонските дијалекти во Бугарија“! Ова Ѓуркова го напишала во соодветно полско списание во статија посветена на доделувањето на почесниот докторат на науки на Гајда, инаку полски филолог-македонист, како и член на Полската академија на науки.    

Ошлис: Македонецот Наум Охридски е европски просветител, но и дипломат, а Европа ако ја изгуби Македонија, набргу ќе се изгуби и саматата себеси! (3)

Големиот германски македонист проф.д-р Волф Ошлис силно ја застапува македонската историска перспектива и нагласува дека дејноста и традицијата на Свети Наум Охридски е дел од македонското јазично-културно и просветителско наследство. Во своите истапувања на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура во Охрид во изминатите години Ошлис ја ја аргументирал повеќе пати својата констатација дека Наум е еден од основноположниците на македонската култура, јазик, религија и наука, без никаква врска со други народи во Балканот. Во својот научен труд со наслов „Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати“ Ошлис, дури, го означува македонскиот просветител и како еден од првите и тоа врвни европски дипломати, поради развиените контакти, што ги имал со тогашните владетели и видните личности од нивните царски дворови, во рамки на своето учество во тогашната Моравска мисија на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, започната во 863 година меѓу народите во Средна Европа.

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

Монах Амвросиј: Свети Наум ја градеше душата на древниот македонски народ, кој стои со својот идентитет во темелите на европската цивилизација! (2)

„Во тишината на бреговите на Охридското Езеро манастирот ‘Свети Наум’ со векови ја чува духовната светлина на македонскиот народ.  За да ја разбереме духовната мисија на манастирот ‘Свети Наум’ денес мораме да погледнеме во длабочината на нашиот историски и духовен континуитет. Кога Свети Наум го основал овој манастир во 905 година на брегот на Охридското Езеро, тој не градел само ѕидови, туку ја градел душата на еден народ. Ова свето место не е само нем споменик од минатото, туку жива лулка, во која пулсираат македонскиот идентитет и нашата национална меморија. Манастирот ‘Свети Наум’ е жива историска енциклопедија, во која е впишан целиот македонски национален и духовен код. Овде не се вкрстувале само патиштата на обичните луѓе, туку овде се кршеле копјата на најголемите империи, а манастирот секогаш останувал исправен како светилник на нашата самобитност. Затоа, манастирот ‘Свети Наум’ не е само историја. Тој е жив доказ дека еден народ, што го изградил својот идентитет врз писменост, вера и манастирска непокорност, никогаш не може да биде избришан од мапата на светот!“ – нагласува во интервју за „Нова Македонија“ монахот Амвросиј, жител на ова свето место и моментно студент на Московската духовна академија.

To top