Македонија

СДС најавува „бомби за ВМРО ДПМНЕ“, но што кога ним ќе им пукнат во дворот „обвинителските бомби“ за пљачкањето на државниот буџет?!

Крадците од СДСМ почнуваат да викаат „Секој што крадел ќе одговара“, ем и се закануваат со „бомби за разоткривање на корупциска шема на ВМРО ДПМНЕ“, но што ќе биде кога ќе им се исполни желбата да одговара секој што крадел, па да бидат токму тие што ќе одговараат?! Што ли ќе им се случи кога ќе почнаат да „експлодираат“ набргу „обвинителски бомби“ за „шемите“ на Заев, Филипче и другите од „бомбашката компанија со лепливи прсти“ од Бихаќка?!

„Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше. Секој што крадел ќе одговара. Ние ги подготвивме новите бомби, 2.0, утре ќе објавиме нова, за нов скандал и корупциска шема на владејачката гарнитура“  – кажа претседателот на СДСМ Венко Филипче. Ова го објави „Плусинфо“ во својата статија со наслов „СДСМ пак си игра со бомби, најавува проекти бомби 2.0“

Натаму порталот пишува: Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче најави дека „партијата пак ќе пушта бомби“, а наместо нелегално прислушкувани разговори, сега „бомбите ќе биле кривични пријави против актуелни функционери за корупција“, што ќе ги изготвувале млади партиски активисти, кои Филипче ги нарече „нова сила“. Денеска на прес-конференција тој упати повик до главната европска обвинителка, Лаура Ковеши да ја посети Македонија, за да ја запознат, како што рече, „со  малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови“. Филипче најави и дека „партијата ќе покани и италијански антикорупционери кои имаат искуство во сузбивање на мафии, па штом ја сузбиле Коза Нотра, ќе ја победеле и актуелната „мафија на ВМРО-ДПМНЕ“.

„СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да се запознае со малверзациите со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, во која се загрозени 130 милиони евра. Власта единствено нешто што прави со скандалот со ИПАРД е да ја дефокусира јавноста. Наместо одговорност после апсењето на директорот во Агенцијата за финансиска поддршка, член на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ да си играат со судбината на Македонија и со европската иднина на граѓаните.“ – тврдеше Филипче.

Втората иницијатива на Филипче е антикорупциски тим, кој, како што рече, „ќе биде составен од експерти, советници од областа на правото и финансиите, но пред сè, млади активисти и истражувачи на СДСМ“, кој е во рамките на партиската програма „Нова сила“. Според Филипче, „овој тим ќе истражува скандали, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми и ќе поднесува соодветни пријави до национални и меѓународни институции“. – објави „Плусинфо“.


Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

To top