Македонија

СДСМ избра ново раководство, нови потпретседатели се Тренчевска и Трајановски

Лидерот си останува ист

Централниот одбор на СДСМ на вечерашнава седница го избра новото раководство на партијата. Партијата ќе има двајца потпретседатели наместо досегашните четири: тоа се пратеничката и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и лекарот Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник за општината Аеродром. И двајцата се избрани како предлози на лидерот Венко Филипче.

Генерален секретар останува Александар Димитриевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството се враќа и донеодамнешната потпретседателка Ана Чупевска, која ќе го предводи новооформениот совет на партијата.

Поранешниот член на Антимонополската комисија Александар Давчевски е избран за претседател на Градската организација на СДСМ. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, а меѓу новите членови е и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски

Венко Филипче ги предложи и Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски и Филип Андов за членови на Извршниот одбор.

Фани Каранфиловска-Пановска ќе остане заменик-претседателка, бидејќи таа беше избрана од конгресот и нејзината оставка само таму може да се констатира.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top