Македонија

СДСМ не нуди ниту проекти, ниту визија – туку се фокусира на црна кампања уште од првиот ден, рече Мицкоски

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

Крива Паланка заслужува промени затоа што на овие избори се одлучува за иднината на вашата општина и добро се знае дека СДСМ не е никаква алтернатива, туку партијата која е длабоко заглавена во бизнис спрегите на тие што ја водат, порача од Крива Паланка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче на митинзите на СДСМ, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

  • „Сега дошол овде и ни кажува како тој ја доживува реалноста. Не сфаќам како може човек без образ да зборува и да се прави дека е некој друг. Тоа во медицината го викаат патологија. Патологија својствена за еден човек што ставаше рака на срце кога се колнеше во македонската жица. Но, очигледно, тоа било заразно, па тој вирус денес го има фатено и овој нов претседател на СДСМ, Венко Филипче. Вирусот започнува со чувство на самодоверба. Расте, расте … додека не прерасне во чувство на божественост. Следниот симптом? – раката на срце! Човекот што го има вирусот, инстинктивно, што и да зборува, ја става раката на срце и се колне. Понекогаш звучи чудно, невообичаено, дури и непотребно … Но, симптомот е таков”, рече Мицкоски.

Додаде дека вториот симптом е да се прави како да не е од овде, како да е нов, чист, чесен, и како да не го познаваме.

  • „И што е најинтересно, понекогаш и самиот верува во тоа што го зборува. А кога не верува тој, верува тогаш оној што му дава насоки и му го пишува говорот. Потоа доаѓа втората фаза, а тоа е заборавањето. Заборава дека другите го знаат. Заборава дека имал шанса да направи нешто. И не само што ја прокоцкал, туку е директно виновен. За трагедии. За корупција. За предавства. За срам, којшто и го нанел на својата држава”, истакна Мицкоски.

Мицкоски понатаму, посочува дека еден од критичните, а можеби најкритични симптоми на вирусот, е јахтата, каде носителот на вирусот добива невидена желба за луксуз.

„Се вози на јахта, мисли дека плови над реалноста. А најсилниот симптом, тоа што не реагира на ниедна вакцина, е лажењето. Тоа е неверојатно! Што да каже човекот, апсолутно е невистина и лаже. Измислува реалност што му одговара и живее во неа како да е нормално”, рече Мицкоски и додаде дека за овој вирус има две вакцини, каде првата делумно помага, а втората, целосно лекува.

  • „Првата се вика Харис Џиновиќ. Кога ќе слушне негова песна, кај носителот на вирусот се појавува едно убаво чувство на еуфорија, што ги смирува симптомите за кратко време. Но, само за кратко. Вистинскиот лек е друг. Тој е сериозен, темелен, опасен за сите што се заразени со овој вирус. Лек што не заборава. Лек што не се потценува. Лек што го враќа човекот во реалноста со тресок, директно на земја. Таа вакцина е силна. Достоинствена и во согласност со сите демократски стандарди. Таа вакцина, тој лек се вика народот на Македонија и тој народ ќе им се случи за неколку дена од денес, на 19 октомври. Народот е лекот, лекот за да се освестат и да престанат да го потценуваат! Народот никогаш не заборава. Народот помни и помни добро, а помни за да не се повтори. Народот е лекот и со силата на тој лек, Македонија ќе победи. Ќе го победи вирусот што го зафати ова раководство на СДСМ, вирусот на ароганција, потценување, корупција и несфатливо однесување”, порача претседателот Мицкоски од Крива Паланка.

Најнови вести од: Македонија

Дали денешната средба на косовското Ветвендосје на Албин Курти со Албанци во Скопје е најава дека ќе ги прошири активностите и во Македонија?!

Веќе 14 години во оптек е идејата, поточно намерата на Албин Курти, доскорешен премиер на Косово, и актуелен лидер на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) да отвори свој огранок, или центар, и во Македонија. Засега нема поблиски информации дали би можело наскоро таа идеја и намера да се реализира, со тоа што партијата на Курти би го проширила своето политичко дејствување и на територијата на Македонија. Инаку, Ветвендосје одржува блиски контакти и тесна соработка со коалицијата Вреди.

Пренџов: Заев и Филипче ѝ дадоа на Бугарија што бараше 150 години, но Бугарите во Уставот ќе влезат кога и Македонија и Македонците во ЕУ!

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа Бугарија го бара 150 години и ниеден претходно не го направил тоа, што што го направија Заев и Филипче. Предупредувавме дека ќе завршиме во ќорсокак, дека на Македонецот му е доста од понижување. Предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе, кои ќе ја наведнуваме главата, научени да губиме, а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, но ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена! Кога се работи за Македонија, за нашите предци и за нашите поколенија, мора многу сериозно, многу стратегиски и многу мудро да се размислува. Не велиме дека никогаш нема да има Бугари во Уставот, но велиме дека велиме кога Македонците ќе влезат во ЕУ тогаш и Бугарите ќе влезат во нашиот Устав!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов во гостувањето во ТВ Канал 5.

Забавниот парк „Зимзоленд“ под клуч – инспекцијата го затвори по направените вонредни контроли

Клуч за вртелешките во скопско Ново Лисиче. Забавниот парк „Зимзоленд“ е затворен за посетители. Според информациите, во текот на денот објектот бил затворен по интервенција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Општина Аеродром. На терен и инспекоти од УЈП.

Најнови вести

To top