Македонија

СДСМ објави дека партијата е консолидирана, го вратила угледот и довербата кај граѓаните а рејтингот расте

Во нападот врз своите членови СДСМ објави дека партијата е консолидирана, го вратила угледот и довербата кај граѓаните а рејтингот и расте

Иако вчерашната анкета на Маркет Вижн покажа дека партијата на Филипче е во тешка состојба со својот рејтинг од Бихаќка тврдат дека на СДСМ му оди супер.

Во напад врз Игор Ивановски и таканаречените “Реформатори“ партијата тврди дека токму поради СДСМ ја изгубила власта во 2024.

,,Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во 2024 година, кога партијата ја загуби власта, беше шеф на тимот кој ја пишуваше програмата и го подготвуваше програмскиот конгрес, заедно со својот близок соработник Андреј Петров.

Други учесници во оваа таканаречена „платформа“ беа членови на Извршниот одбор и шефови на изборни штабови во првата изборна единица во 2024 година.

Сега, истите тие луѓе кои беа дел од раководството и кои ја креираа програмата со која се изгубија изборите, се јавуваат како спасители на СДСМ и бараат реформи – но не од внатре, туку преку притисок однадвор, со вклучување на членови од други партии”, велат од СДСМ од каде сметаат дека ова се случува по налог на премиерот Мицкоски.

,,Особено е апсурдно кога во оваа „платформа“ се појавува и Славјанка Петровска – кој во 2024 година беше носител на листа и министерка во владата на СДСМ.

Тогаш кога рејтингот е полош, за тоа е крив некој друг, а таа сега ќе прави реформи?

Во 2024 година имаше внатрепартиски избори. Во 2025 година повторно имаше.

Зошто Ивановски, тогаш не направи своја реформска програма и не се кандидира против председателот Венко Филипче, кој победи со 18.000 гласови?

Зошто не побара доверба од членството на СДСМ кога имаше шанса и кога беше на високи позиции во партијата?

Затоа што оваа „платформа“ не е за реформи во СДСМ.

Да сакаа вистински да помогнат на СДСМ, ќе ги прифатеа повиците и понудите од Претседателот Филипче да се приклучат и да работат за јакнење на органите на партијата.

Оваа платформа е ЗНАМ 2.0 – проект на Мицкоски за понатамошно слабеење и делење на опозицијата, по примерот на сестринската партија СНС и Вучиќ.

Сега, кога партијата е консолидирана, кога го врати угледот и довербата кај граѓаните, кога рејтингот расте, токму оние што, според нас, ја доведоа партијата до изборен пораз на претходните избори, денес бараат „реформи“?!

Реформи за да ја разбијат партијата токму сега, кога таа претставува сериозна закана за ВМРО?

Сега, кога рејтингот на Мицкоски е на најниско ниво поради неговите предизборни ветувања што не се остварија и секојдневни лаги?!

Сега, кога ВМРО падна за повеќе од 150.000 гласови?!

Истите тие „реформатори“, кои, според нас, сносат одговорност за изборниот пораз, сега се обидуваат да го урнат СДСМ.

До сателитите на Мицкоски имаме јасна порака: нема да ви помине”, стои во соопштението.

Реалноста според анкетите е различна

Анкета: Цела опозиција заедно далеку зад ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top