Македонија

СДСМ објави морбидна црно-бела слика како умреница за Стоиљковиќ

Морбидна објава на СДСМ во која министерот за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ е прикажан како во умреница

Војната со Стоиљковиќ СДСМ ја крена на сосема ново ниво откако денеска во објавата за министерот е објавена фотографија во црно бела техника која симболизира умреница односно асоцира на смрт.

Оваа фотографија во оргинал е во боја но пропагандата на СДСМ во обид да ги промовораат своите морбидни пораки ја направиле црно бела.

Во конфузната објава на СДСМ се вели дека. Стоилковиќ навредува – криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ” а потоа без никаква логика се прави паралела со Србија каде политичката ситуација нема врска со Македонија.

Текстот на објавата на СДСМ нема речиси никаква врска со Стоиљковиќ што укажува дека на Бихаќка сакале по секоја цена да го прикажат министерот на црно-бела слика за да изгледа како умрен.

,,Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта – ти си против државата.

Сега истата матрица се пресликува во Македонија”, пишува СДСМ меѓу другото во збунувачкото соопштението кое содржи морбидна слика.

Министерот врати со шега

Бихаќка и Филипче го умреа тој си игра мајтап со СДСМ – кој е поубав во живо и во некролог?

И на умреница сум поубав од вас – Центарот за комуникации на СДСМ тема на мајтап од Стоиљковиќ

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

To top